Врз основа на член 22 став 8 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“, 6р. 27/14, бр. 199/1 4, 27/16, 55/18 и 198/18), a во согласност со член 22 и 23 од Законот за работни односи, („Служ6ен весник на Република Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 150/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 1 13/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 134/1 6 и 120/2018) и Правилникот за систематизација на работните места во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија бр. 08448/3 од 3 1. 3. 2015 година, бр, 08448′ 6 од 2 1 20 1 5 година, бр. 08448/9 од 25. 1 1 .201 5 година, бр. 04544/ 1 од 29. 5. 20 17 година, бр. 041 1 58/ 1 од 1 6. 1 1 .201 7 година, бр. 04220/2 од 16. 2. 201 8, бр. 04220/4од 10. 5. 2018 година и 04 1 255/2 од 21. 1 1. 2018 година, Кабинетот на претседателот на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 3 (три) посебни советници во Кабинетот на претседателот на Република Македонија, на определено време

1. Советник за прашања од областа на надворешната политика 1 (еден извршител)
2. Советник за прашања од областа на одбраната и безбедноста 1 (еден) извршител
3. Советник за прашања од областа на внатрешната политика 1 (еден) извршител
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните

Општи услови (за сите кандидати):
– да се државјани на Република Македонија,
– да се полнолетни,
– со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите за работната позиција под број 1, покрај општите услови, потребно е:
– да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
– да имаат искуство во работата на законодавната, извршната или судската власт,
– да имаат познавања во областа на надворешната политика и соодветната регулатива;
– да имаат искуство во дипломатско конзуларните работи во земјата и странство. Повисок стекнат дипломатски ранг ќе се смета за предност
– да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски). Познавањето и на други јазици ќе се смета за предност:
– да имаат најмалку 10 години работно искуство;
– да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат

Кандидатите за работната позиција под број 2, покрај општите услови, потребно е:
– да имаат завршено најмалку високо образование VII/1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
– да имаат познавање и работно искуство во областа на одбраната и безбедноста;
– да имаат познавања од внатрешната и надворешната политика и соодветната регулатива;
– да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски француски, германски)
– да имаат најмалку 10 години работно искуство;
– да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат.

Кандидатите за работната позиција под број 3, покрај општите услови, потребно е:
– да имаат завршено најмалку високо образование VII/ 1 степен или студии со стекнати 240 ЕКТС од областа на општествените науки;
– да имаат познавања од внатрешната и надворешната политика и соодветната регулатива;
– да имаат најмалку 10 години работно искуство во работата и соработката со невладини организации од земјата и странство, од областа на мултикултурализам, помирување, меѓународни односи и евроатлантски интеграции;
– да имаат познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски германски).
– да имаат најмалку 10 години работно искуство,
– да ги исполнуваат условите за добивање на безбедносен сертификат.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

Кандидатите во пријавата треба да го наведат работното место за кое конкурираа кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите во оригинална форма или копија заверена кај нотар;

1. Доказ за државјанство на Република Македонија,
2. Доказ дека со правосилна судска пресуда не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
3. Уверение/диплома за завршен степен на образование,
4. Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски германски),
5. Доказ за работно искуство,
6 Кратка биографија,

Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40 работно време. од 07:30/08:30 до 15. 30/16:30, работни денови од понеделник до петок. Како посебни услови за работа во Кабинетот се предвидуваат: работа за време на неделен одмор и работа за време на празници утврдени со закон, заради извршување итни и неодложни работи.

Паричниот износ на основната нето-плата изнесува од 30. 000 денари до 50. 000 денари

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време.

Вработувањето на советникот трае најдолго до истекот на мандатот на Претседателот на Република Македонија. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот не сметајќи го денот на самото објавување: Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Изборот ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот на пријавувањето.

Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, ул. „Ацо Караманов“ бр. ЗЗ A Скопје, со назнака „Оглас за посебни советници“.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.