Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Австрија, каде пред палатата Хофбург ќе биде пречекан од сојузниот претседател Александер Ван дер Белен.

Пендаровски, како што најавуваат од неговиот кабинет, ќе оствари билатерални средби со сојузната канцеларка Бригит Биерлејн и со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија Волфганг Соботка.

Во рамки на посетата, Пендаровски ќе одржи и предавање на Дипломатската академија во Виена на тема „Преспанската спогодба – Нетипично решавање на спор на Балканот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.