Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори, бидејќи како што вели, не гледа што е тоа што може да се случи во тој меѓу-период.

– Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам, но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок, вели Пендаровски.

Тој истакнува дека нема ништо против Собранието предвремено да го ратификува протоколот за НАТО, бидејќи за членството во Алијансата постои јасна политичка волја кај сите политички субјекти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.