Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими вршителот на должност во Амбасадата на Катар во Македонија, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

На средбата беа разменети мислења за текот и динамиката во развојот на билатералните односи меѓу двете земји и беше реафирмиран интересот за натамошно унапредување на односите со Катар во сите сфери од заеднички интерес.

Во таа насока, беа разгледани можностите за искористување на економските потенцијали со кои располагаат двете земји, интензивирање на бизнис релациите и можноста за реализација на странски инвестиции во земјава.

Претседателот Пендаровски ја посочи потребата од унапредување на договорната рамка и заокружување на билатералните договори за соработка, како и неопходноста од натамошно олеснување на визниот режим.

Претседателот Пендаровски Хамад Ал-Тани разменија мислења и за предизвиците кои произлегуваат од справувањето со пандемијата на Ковид-19, како и за последиците од актуелната состојба на глобално ниво. Во таа насока, претседателот изрази благодарност за донацијата од Катар во справувањето со Ковид-19 и изрази очекување за натамошна соработка во областа на здравството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.