Доколку условот за  започнување на преговори на Македонија со Европската унија е откажување од македонскиот јазик, тогаш такви преговори не се ни потребни да се започнуваат, смета првиот човек на Комисијата за историски прашања Драги Ѓорѓиев. Тој за Канал 5 објаснува дека тензијата што се создава меѓу Македонија и Бугарија во однос на идентитетските прашања може само лошо да влијае врз понатамошната работа на Комисијата.

Според Ѓорѓиев, ставовите на Бугарија придонесуваат за македонската страна да го крене гардот со чувство на недоверба кон Бугарија и бугарската политика бидејќи македонскиот јазик е реалност и ниту бил ниту ќе биде  тема на разговор во работата на комсијата.

Според мене, Македонија апсолутно не треба да дискутира и да го стави на маса јазикот. Тоа е апсолвирано прашање, реалноста и постоењето на македонскиот јазик, и Македонија воопшто не треба да ја отвора таа тема ниту да го држи отворено тоа прашање. Колку и да се блиски овие два јазици, колку и да не ни требаат преведувачи кога разговараме со бугарската страна, станува збор за два јазици и од тој аспект не смее да се дозволи апсолутно никаква дискусија за македонскиот јазик, тоа е завршена работа, вели Драги Ѓоргиев – претседател на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.