Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија.

Мишел ќе оствари средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да стане збор за новата методологија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Методологијата се очекува да се објави во првата недела од февруари, а првично Европската комисија планираше таа да се објави на крајот од месецов.

Претходно минатата недела во посета на земјата престојуваше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој повтори дека проширувањето на ЕУ за новата комисија е приоритет и оцени дека Македонија и Албанија се подготвени за преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.