Од вчера Законот за амнестија што Собранието на Република Македонија го донесе на 18 декември е во сила. Законот во Службен весник е објавен вчера. Тоа значи дека веќе тече рокот од 5 дена за пријавување на сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.
Според овој закон, секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија. Последниот збор ќе го дадат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.