На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата авиона со посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето на авионите беше пролонгирано поради лошите временски услови во Софија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром е организирана церемонија на која присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница, соопштуваат од Влада.

Пристигањето на посмртните останки во моментот во живо се пренесува на владиниот јутјуб-канал, како и на македонската радиотелевизија. Национален координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец, пак, вклучувањето во живо го возбудено го рекламира и на „Инстаграм“, како да е најголема ексклузива, а не еден од најтешките моменти за семејствата и пријателите на загинатите.

Токму на нивно барање, откажана е и поворката која требаше да помине низ главниот град, која Власта исто така сакаше да ја користи и да ја пренесува во живо.

Доколку грашаните сакаат да оддадат последен поздрав до загинатите, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје се поставени венци.

Сообраќајната несреќа се случи на на 23 ноември, на втопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.