Откако „Република.мк“ објави ексклузивна информација дека премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски во Охрид имале тајна средба со Алекс Сорос, синот на милјардерот Џорџ, со рекација се јави кабинетот на шефот на државата.

Оттаму велат дека претседателот немал таква средба во Охрид, но не демантираат дека милјардерот бил во Македонија. Воедно потврдуваат дека шефот на државата ќе се сретне со Сорос во Париз утре или задутре.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средба со Александар Сорос за време на престојот на претседателот во Париз 11-12 ноември, каде ќе учествува на Парискиот форум за мир, а ќе оствари и повеќе билатерални средби – информираат за „Република“ од неговиот Кабинет.

Од Владата засега нема реакција за средбата на Заев со синот на милјардерот Сорос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.