Расте незадоволството во редовите на СДСМ. Непотизмот и партиските вработувања се навлезени во сите сфери, па така долгогодишна членка на кочанскиот СДСМ, незадоволна од политиките за вработувања, објави дека мајка на три деца останала да работи на смени во фабрика, наместо да се вработи како хигиеничарка во Основно училиште.

Таа ги посочи Марија Мишева, Гордана Антова и Сашко Костов, сите од раководството на партијата на локално ниво, кои покрај редовните плати, месечно земале плус дополнителни две плати благодарение на СДСМ, се вели во објавата.

Незадоволието се подгрева дотолку повеќе што претседателката на СДСМ правела дури и торта за прославата на победата на ВМРО ДПМНЕ во Кочани.

Извор: МКРепортер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.