Поради бавноста на институциите резултатите од работата на Антикорупциската комисија се гледаат дури по неколку месеци, оценува Транспарентност Македонија. Оттаму велат дека поради тоа се троши многу време и ресурси. Посочуваат дека условите во кои работи Комисијата се лоши, просторот кој го користат е мал и нема пристап за лица со посебни потреби, пренесува Сител.

Претседателката на Антикорупсиска, Билјана Ивановска вели дека сите треба да се задоволни од работата на Комисијата со оглед на разврската на дел од случаите кои ги покрена. Таа го посочи случајот со премиерот Зоран Заев кога тој беше в.д. министер за финансии.

Таа исто така се пожали за условите во кои работи Комисијата и додаде дека токму бавното реагирање на институциите по ова прашање ја покажува тромоста на системот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.