Народот конечно се обедини, овојпат против премиерот Зоран Заев кој ја распродаде историјата на Македонија и Македонецот. Но еден човек недостига – претседателот Стево Пендаровски, кој вчера цел ден молчеше, додека негативните реакции стигнуваа од секаде. Ниту осуда ниту оправдување. Ако за неговиот претходник велеа фикус, сега фикус е благ збор за Пендаровски. За вакви прашања од суштинска важност за македонскиот народ, претседателот Стево Пендаровски е слика без тон. Тука е, но исто како да не е тука. Ниту да излезе, ниту соопштение да прати. Се појави утрово некаква најава за интервју во кое го коментира настапот на заев. Зарем тоа е начин да се обратиш до револтираната јавност, додека премиерот на државата на која си претседател си подигрува со нивните чувства, со нивната припадност, со нивната историја, со нивниот идентитет.

Го погледав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање. За решавање на спорови со стратешка тежина се потребни два предуслови: да постои политичка волја што понекогаш подразбира и политичка храброст да дојдете до консензус кој никогаш не ви го зголемува рејтингот, и второ – да се држите до историските факти кои се меѓународно верификувани и до политичката реалност која е очигледна. Во првиот дел, нашата јавност знае дека јас сум првиот македонски политичар во историјата кој јавно понуди поширок политички дискурс во однос на еден од најголемите апостоли на македонското револуционерно движење. Меѓутоа, не отидов понатаму, затоа што тоа е работа на Комисијата составена од историчари, најмалку работа на политичарите. Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но, дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја. Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние кои беа на страната на фашистите – ова е дел од она што Пендаровски избра да го каже во интервју.

Јавноста бара обрачање, јавноста бара соопштение, јавноста бара конкретни реченици и конкретни одговори. Интервју кое ќе излезе после два дена од објавените изјави на Заев, кој притоа зборува на некој струмичко бугарски јазик за сите да го разберат, е несериозно, скандалозно, бедно.

Освен што изгледа незаинтересиран, Пендаровски доби коментар од Заев дека бил неискусен политичар.

Заев во интервјуто на БГНЕС го нарече претседадателот Стево Пендаровски неискусен политичар, коментирајќи ја неговата изјава за „живковистичка Бугарија“.

-Верувајте ми, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Тој не е толку искусен политичар како Зоран Заев, бидејќи пред тоа работеше за Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, тој беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозна јавна личност и е целосно посветен на пријателството со нашите соседи и Република Бугарија, и секако, на интеграцијата во НАТО и ЕУ, рече Заев.

Од кабинетот на Пендаровски истакнаа дека нема да ја коментираат ваквата изјава од премиерот. Но во интервјуто тој вели:

Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница.

Ретко, речиси никогаш, може да се види претседателот јавно да застане зад интересите на државата на чие чело се наоѓа. Тој повеќе би настапил како бранител на политиките на партискиот шеф Заев, отколку да ги брани интересите на народот.

Неодамна беше обелоденет друг скандал поврзан со претседателот. Поранешниот реис на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи откако јавно призна дека со негова помош и повик до верниците Стево Пендаровски станал претседател на Македонија, во истото гостување на ТВ 21 откри и дека СДСМ требало да го награди со пари на трансакција поради овој негов потег.

-И што направи, кај се ветувањата кои ми ги даде мене?, ветувањето дека требаше да го врати калето, локацијата, ми кажаа за 20 дена парите ќе ги имаш во банка на трансакциска, вели Реџепи.

И за ова молк… Пендаровски разбуди се… народот ве бара!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.