Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на синоќешниот протест пред Владата на Република Македонија зборуваше за новото, како што вели Рускоска обвинителство, како и Кацарска судство.
-А, каква е нивната правдина кога нема инсталирани обвиненија, Русковска обвинители и Кацарска судии? Тогаш, тогаш ги праќаат оние маскирани силеџии кои што само под маските се храбри, не да ги извадат маските, под маските се храбри, пред дворовите на луѓето кои што го критикуваат монархот и им ја кршат вилицата пред нивните семејства, тоа е правдината на оваа власт како случајот со оној човек кој што се јави да го искритикува Зоран Заев и Вице Заев. Тој за неколку дена заврши со тешки телесни повреди, нападнат од луѓе кои што им беше страв да ги извадат маските – рече Мицкоски.
Понатаму Мицкоски додаде:
И додека глумат сопатници, браќа и сестри, европејци и кога ќе ги повикаме како маж со маж да се соочиме пред вас и пред оние дома и пред македонската јавност и они нека судат и пресудуваат и за жицата и за тендерите и за лагите и за предавствата и за капитулациите и за криминалот и за ветувањата кои што не се исполнети и за очекувањата кои што не се реализирани. Ќе речат не ние сега нема да поленимизираме со опозицијата, зошто, затоа што ни е страв, ние сме јаки од внатре и со маските на глава, а да се покажеме никаде не нема. Бирај и место и водител и време, пред нова година јас и ти тет а тет да збориме отворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.