Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беа изречени пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој доби 8 години затворска казнакако и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски кој доби 5 години, поранешниот помошник-министер во МВР  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР  Горан Грујевски кој доби 15 години.

 

Во завршниот збор, Обвинителството истакна дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од буџетот на државата.

Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Случајот „Трезор“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

Уште еден предмет на СЈО доби судска завршница за набавка на опрема.Сите обвинети делувале како службени лица. Предметот е поголемите предемети по тежина бидејќи сторителите беа високи лица во тогашната ДБК и висината на штетата кон буџетот на државата истакна Бектовиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.