Пред извесен период, до мене како претседател на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и разузнавање, стигна барање од страна на директорот на АНБ со кое што бара согласност за назначување на началник за внатрешна контрола во рамки на АНБ, изјави претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов.

– Денес свикав четврта седница на комисијата со цел да се поразговара за тоа дали ќе има или ќе нема согласност за назначување на помошник директор за внатрешна контрола. Она кое што се случи денес е дека колегите пратеници од власта не присуствуваа на оваа седница односно колегите од власта не присуствуваа ниту да се отвори дневниот ред за назначување на господинот за началник за внатрешна контрола што навистина е многу ретка состојба во Собранието. Денес власта не направи мнозинство за предлогот даден од директорот на АНБ, господинот Виктор Димовски – вели Пренџов.

Според него, со вакви решенија и недоследности од страна на власта трпи безбедноста на разузнавачкиот сектор.

Се и сешто се зборува по кулоарите на Собранието, оние кои што треба да дадат одговори се пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, а ние како опозиција сме постапиле согласно закон, државнички и сме постапиле согласно интересите пред се безбедности на граѓаните на Македонија. Сето она што е спротивно на ова и зошто е оваа лакрдија која што се случува ќе треба веднаш да одговорат пратеничките групи чии што пратеници денес од мнозинството не се појавија да го поддржат кандидатот кој што тие сами си го предлагаат – вели Пренџов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.