Пратеникот Љупчо Пренџов на седницата на комисијата за финансирање и буџет истакна дека Владата во овој предлог буџет за 2021 година предвидела само 0,4 проценти за заштита на животната средина и природата.

Помина општата расправа за буџетот за оваа 2021 година и во оваа прилика во врска со амндманската расправа се обраќам само на пратениците од владејачкото мнозинство и на граѓаните со цел да се знае што ние ќе правиме во 2021 година односно кои ни се целите и нашите приоритети како држава во 2021. И сега доаѓа на ред да видиме дали сме посветени на нашите идеолошки матрици, дали сте посветени на ветувањата кои што ги дадовте на граѓаните бидејќи овој сет на амандмани во врска со животната средина пред се со аертозагадуувањето се многу важни – нагласи Пренџов

Тој додаде дека е голем пораз за македонското општество, тоа што на секои 1000 денари во буџетот даваме 4 денари за животна средина.

Тоа што и се случува на Република Македонија е дека ние верувале или не од овој предлог буџет за 2021 година само 0,4 проценти одделуваме за заштита на животната средина и природата. Значи тука во 0,4 проценти се и заштита на воздухот и дивите депонии, заштита на почвата на реките значи се е тоа 0, 4 проценти од вкупната вредност на буџетот. Што е голем пораз за македонското општество, тоа е например на секои 1000 денари во буџетот давате 4 денари за животна средина. Ете толку обрнуваме внимание на она за кое потрошивме денови и денови дебата, одредена политичка партија на власт доаѓаше со загадениот воздух со зеленилото со почвите а денес четврти буџет го кроите и четврти пат имаме 0,4 проценти од буџетот за животна средина. На вкупниот џи- ди -пи на државата од 10,6 милјарди евра ние за животна средина одделуваме 0,1 процент. На се она кое што го заработуваме сите и го торшиме вои ова општество 0,1 процент даваме за животна средина односно на секои 1000 денари даваме 1 денар за животна средина, ама пак за тоа ние се полни устите со борба за тоа дека треба да разговараме дека треба да оделиме пари и тоа дека ЌЕ го направиме. Ветувавте милијарди инвестиции во животна средина а вие давате 0,1 процент од џи-ди-пи и до кога така. До кога никој нема да излегува навечер во Скопје бидејќи е многу загадено – заклучи Пренџов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.