Со „Преспанскиот договор” како формален чин и уште некои “неформални договори” ние Македонците практично немаме каде да се декларираме како такви. Никаде не можеме да напишеме дека сме, и дека се чувствуваме како Македонци.

Неделава во Собранието на Р. Македонија пристигна закон со кој се овозможува во личните карти да стои графа со етничка припадност. Овој Закон го подржувам затоа што секој граѓанин има право да се изјасни за неговата етничка припадност во едно граѓанско општество. Во нашево „едно општество за сите” претпоставувам дека ова највеќе ни требаше нам, на припадниците на Македонскиот народ.

Но, истиот овој закон деновиве беше блокиран од политичката партија (или што и да се) “Левица”.

Трет ден се чудам, што им смета на колегите Апасиев и Крмов што сите ние во нашите паричници ќе имаме Лична Карта во која ќе пишува на пр. Љупчо Пренџов/Македонец??!!

Со “Преспанскиот договор” како формален чин и уште некои “неформални договори” ние Македонците практично немаме каде да…

Posted by Љупчо Пренџов / Ljupco Prendjov on Saturday, 13 February 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.