Институциите не го прават буџетот. Буџетот го прават кадри на СДСМ и ДУИ, бидејќи кадри на СДСМ и ДУИ раководат со сите државни институции во Република Македонија, вели пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма, говорејќи за Буџетот за 2022 година.

Во однос на капиталните инвестиции, Пренџов вели дека владата сама си поставува задачи и од она што таа сама си го поставила не го реализирала, додавајќи дека СДСМ во пет години има направено нула километри автопат.

-Околу капиталните инвестиции сами си ги задавате како задача како влада и таа задача која што сами ќе си ја зададат не можат ни пола да си ја реализираат на крајот на годината и потоа се релативизира дека некој друг е крив и тоа веќе петта година по ред. Трето ако вие ги отворите програмските ветувања на СДСМ и на ланските избори и на оние од 2017тата година, ќе видите дека таму стојат автопат Тетово – Гостивар, таму стојат автопат Прилеп – Битола -Меџитлија, автопат од Градско до Прилеп, таму стои железница до Бугарија, таму стои Коридор 8 до Албанија и ништо од тоа не е реализирано. Стојат проектите, стојат капиталните инвестиции и пред носење на буџет ги зголемуваат фиктивно за опозицијата помалку да зборувам, божем нашето зборување ќе предизвика да ги забрзаат или забават тие проекти. И мислам дека се е купи ден, продај политика, се е без идејност, вели Пренџов.

СДСМ во пет години има направено нула километри автопат. Единствено што СДСМ го прави околу патиштата е градење на наплатни рампи на автопатиштата, друго нема, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.