Пратеникот Љупчо Пренџов во интервјуто за „Република“ проговори и за односите меѓу ГРОМ и ВМРО-ДПМНЕ кои се актуелни деновиве. Тој нема дилеми дека ќе продолжи да делува како дел од опозицискииот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ.

Во поглед на ГРОМ, императив ми е зборот даден кон граѓаните.Јас бев на листа заедно со колегите од Коалицијата „Обнова за Македонија“, сме имале програма и визија на таа листа и сме кажале дека наша цел е час поскоро рушење на владата на СДСМ и ДУИ. Јас тоа планирам да го испочитувам до крај затоа што како нова генерација на политичари значи дека треба да бидете доследни кон граѓаните на зборот даден во 2020 година кога биле изборите.Доколку во меѓувреме нешто се променило тогаш е чесно да си дадете оставка него да делувате спротивно од тоа што сте во ветувале на граѓаните на изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.