На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеникот од коалаицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов истакна дека во Македонија нема финансиска стабилност, туку расипничко и неодговорно работење на власта и огромна сиромаштија.

Зборуваме за финансиска стабилност и имаме право да правиме анализа која е таа финансиска стабилност на секое семејство во Македонија, за секоја компанија, секое семејство во Македонија има повеќе од 4000 денари месечно поголеми трошоци за разлика од претходната година. Приближно 1000 евра годишно владата им ги јаде затоа што е неспособна и затоа што најголемиот данок што го зема државата, не е сите оние што ги покачивте туку данокот на инфлацијата. и Немојте да зборувате дека инфлацијата ни ја увезоа туку 43 ‘% од инфлацијата е домашна. Самата народна банка и самите институции кажуваат дека 40 тина проценти е домашна а 60 тина проценти е увезена инфлација. И дали ќе имате инфлација од 6 или 10,5 % не е исто. И затоа граѓаните не се задоволни од ова раководење и затоа треба да има избори да се намали сиромаштијата, бидејќи освен што блика владата од неспособност друго нешто не можеме да видиме, нагласи Пренџов.

Љупчо Пренџов истакна и дека компаниите имаат неколку пати зголемени цени за електрична енергија која на крај ја плаќаат граѓаните преку зголемени цени на производите и зголемени трошоци.

,Компаниите од друга страна имаат пет до седум пати зголемени цени за електрична енергија, кој ги плаќа тие пари, тие пари ги плаќаме ние граѓаните преку зголемените цени бидејќи луѓето имаат зголемени трошоци. И затоа не ги избегнувате овие теми и да не замолчите еден ден и да не замолчите два дена, граѓаните знаат и чувствуваат. Секое влегување во маркет секое влегување во бензинска тие реакции од граѓаните нема да ги замолчите туку напротив гласно ќе ги слушните на следните предвремени парламентарни избори истакна Пренџов.

Пратеникот Пренџов додаде и дека во Македонија има згоелмена сиромаштија, власта дополнително се задолжува а капитални инвестиции нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.