Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев не собраа храброст да му се извинат на народот што не обезбедија навреме вакцини. Ние да имавме вакцини како што тие ветуваа и не излажаа, ние веќе досега ќе бевме вакцинирани, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа, пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Тој истакна дека покрај тоа што владата не набави вакцини навреме за граѓаните да бидат имунизирани, колку не се грижат за народот покажува и тоа колку трошат за здравство, односно дека потрошиле само 16 милиони и тоа во време на пандемија.

– ММФ потврди дека заклучно со 17 март 2021 година власта има само 16 милиони евра вложено во здравството и справување со пандемијата. Тоа се сериозни проблеми, како што е сериозен проблем да плаќаш данок во сопствената држава, а да се вакцинираш во соседна, рече Пренџов.

Пренџов потсети дека власта уште од јануари најавува вакцини, кои се уште ги нема, а со тие кои ги има прво се вакцинираше членството на СДСМ.

– Тие велеа дека јануари веќе ќе имаме вакцини, а еве 1 мај доаѓа не сме започнале со масовна вакцинација во Охрид, Штип, Велес, Битола и другите градови. Во оваа држава има категории на граѓани што мора да бидат вакцинирани како постарите, хронично болни, дијабетичари, но испадна дека целна група е членството на СДСМ, нагласи Пренџов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.