Ветувавте чист воздух, ветувавте здрава животна средина, а на секој буџет и ребаланс, се помалку и помалку има средства за истата, порача денес од Собранието пратеникот Љупчо Пренџов.

„Видовме власта што мисли за амандманот, 150 милиони денари се околу два ипол милиони евра на 4 милијадри и 200 милиони евра Буџет. 2 ипол милиони евра за да 25.000 домакинства ширум Република Македонија добијат филтри на оџаците, зборуваме за оние кои што се греат на дрва и друг цврст отпад, за да се намали загадувањето. Па ќе ве потсетам, и лани го зборував истото, на бранот на амбиентален воздух на власт дојдовте во Скопје. Барам да дискутираме, да излезете од СДСМ на оваа говорница и да им кажете на граѓаните дека не ви се даваат ниту два ипол милиони евра за да имаме почист воздух, и ова не е популистички амандман. Два ипол милиони евра за само 25.000 домакинства да бидат иницијална каписла, за во иднина секој оној кој што се грее на дрва да добие соодветен филтер и да не ја загадува околината. Да не се лажеме почитувани колеги, сиромаштијата во Македонија не само што нема да се намалува, ќе се зголемува. Обама да го донесеме да ја води државата, на ова дереџе на кое што вие ја донесовте нема да може да ја намали сиромаштијата. Сиромаштијата ќе се зголемува бидејќи сте вие неспособни, додаде Пренџов.

Пренџов ги замоли СДСМ во пресрет на локалните избори, а во интерес на граѓаните, да излезат и да кажат зошто се против чист воздух.

Им посочи на претставниците на владата: „Животот на нашите сограѓани за вас не значи ништо“!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.