По внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии ќе се одлучува за активностите на ДУИ, односно за поднесувањето на пет-шест илјадите амандамани за Изборниот законик, истакна денеска премиерот во заминување.

Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Но, како што реков вчера, навистина пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии. На крајот имаме изнасилена демократија. Демократијата се базира навистина на мнозинството и аргументите да ги ставиме на маса. Имаше одредени идеи сега да донесеме па да важат 2024. Јас се залагам да важи веднаш и мислам дека тоа можеме, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.