Грчкиот граничниот премин „Ники“ односно граничниот премин „Меџитлија“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник), во врска со новите протоколи на грчката Влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Ники“, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Ники“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во овој период.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“, информираат денеска од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.