Зоран Заев, премиерот на Македонија предложи парламентарни избори најбрзо што може откако државата не доби датум за влез во Европската унија (ЕУ). Тој ова го соопшти на денешната прес-конференција во Владата.

Во Брисел ни беше направена голема неправда. Испорачавме реформи, ги решивме проблемите со соседите. Но, недобивањето датум е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери. Направивме се што требаше и се што можевме. Сакам да се заблагодарам на големото мнозинство на европски лидери кои беа на нашата страна. Ние сме жртви на историската грешка на ЕУ. Јас сум разочаран и лут и знам дека цел народ така се чувствува. За мене ова неисполнето ветување е исклучително лошо. Ја преземам одговорноста и затоа предлагам организирани брзи предвремени избори, најбрзо што може. И токму ова ќе биде мојот предлог на утрешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски – изјави Заев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.