Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“.

Како што најави владината прес-служба, на состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од организаторот, Светскиот економски форум.

За вечерва е предвидена работна вечера, а утре ќе има работна сесија на учесниците на Светскиот економски форум.

На состаноците, како што стои во соопштението, се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.