Премиерот во заминување Зоран Заев е добитник на годинешната меѓународна награда „Иса бег Ишаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната Свечена академија во Народниот театар во Сараево на 27 ноември, со почеток во 20 часот.

Господин Зоран Заев не само што значително ги подобри односите во регионот на Западен Балкан, туку покажа силно политичко лидерство во контекст на порешително зближување со Европската унија и НАТО. Комитетот не може да знае како наредната година ќе изгледа политичката биографија на Зоран Заев, како што не беше можно и за претходните лауреати, но напорите, иницијативите и резултатите на г. Заев во 2019 година несомнено ќе бидат забележани како позитивни и историски вреднувани, пишува во образложението од Комитетот.

Комитетот на единственото државно признание во Босна и Херцеговина повторно ги обедини најистакнатите претставници на академската заедница во БиХ, со кој претседава академик Адила Пасалиќ-Кресо, потпретседател на Академијата за науки и уметности на Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.