Со разлика од 60.000 до 120.000 ќе ве победиме на следните парламентарни избори идната година, изјави неодамна премиерот во заминување Зоран Заев од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање дали ќе се повлече од политиката и од лидерската позиција во партијата, ако не победи на парламентарните избори идната година.

И тој самиот и неговата партија добро знаат дека тоа нема да се случи. Причини има многу, а, за жал, Песпанскиот договор е само капка во морето. Но, во моментов Заев нема избор. Од понуденото, Заев има на располагање бело знаме или лажна надеж. Тој го избра второто.

Членството и симпатизерите на СДСМ се разочарани, што може да се види и по посетеноста на скопскиот собир во салата „Борис Трајковски“. Ниту автобусите од цела Македонија не успеаја да створат привид дека Заев и СДСМ се на правиот пат, а народот ги следи. Напротив. шарените веќе одамна ги нема. Дел се згрижени, дел уморни, а најголемиот дел разочарани за украдената револуција.

Затоа Заев во предизборието ќе игра на втората карта – лажната надеж и лажните анкети.

Тоа ќе се случи не затоа што сум прогнозер, туку заради вашите политики, а заради искрените, чесните, одговорните и храбрите политики на оваа Влада, заради слободата и демократијата што ја овозможивме. Ако ги гледате сите тие анкети и анализи, дури и тие на вашите институти, 100 проценти. Голем број гласачи се ежат од помислата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт поради нивната покажана ароганција, дрскост, безобразие, закана. Кому му треба тоа? Луѓето сакаат транспарентност, одговорност, прифаќање на одговорност. Нашите анкети покажуваат дека победуваме, вашите не знам што ви покажуваат. Јас ви покажувам какви ќе бидат резултатите на изборите, рече од собраниската говорница премиерот во заминување и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Сепак, многу добро знаеме дека Заев убаво ги проследил последните анкети, а нервозата на премиерот во заминување потекнува токму од нивните резултати. На објавените анкети континуирано расте предноста на ВМРО-ДПМНЕ, па само со лажни анкети во рамките на статистичката грешка (која изнесува +/- 3%) Заев ќе се обиде да се окуражи себеси и да ги замае разочараните социјалдемократи.

Оттука, не треба да изненади ако во наредниот период ненадејно се појават анкети на кои СДСМ ќе води пред ВМРО-ДПМНЕ најмалку над 1 отсто. Еден процент е во рамките на статистичката грешка и не се смета за релевантен податок, но ако добро се изменаџира од војската пи-ар стратези на СДСМ, која несомнено е на готовс, и се прикаже како предност, може да предизвика позитивни чувства кај разочараното членоство и привид дека политиките на СДСМ се навистина на прав пат.

За последните анкети

Анкета ИПИС – 2 и 6 декември 2019 година 

На четири месеци пред изборите највисок рејтинг меѓу Македонците има ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите на анкетата на ИПИС спроведена во периодот помеѓу 2 и 6 декември 2019 година на 1121 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето 28.1% од испитаниците Македонци се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од СДСМ, за кој својот глас го дале 20.3% од испитаниците Македонци.

Споредено во последните 6 месеци, односно јуни – септември и декември, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај електоратот е во стабилен пораст, но очигледен е падот на рејтингот на СДСМ од цели два индексни поени, од 19.5% во јуни на 17.5% во декември.

Анкета маркет вижн – 12 до 20 декември 2019 година

Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема – 12,6%:7,2%. Висок е и процентот на гласачите Албанци кои би гласале за СДСМ – 2,1%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.