Премиерот во заминување, Зоран Заев денеска го посети Охрид. По посетата на својот фејсбук профил напиша:

Започнаа работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион од наслагите и корењата од дрвјата и санација на цевководот на колекторот, проект за којшто се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот на граѓаните на нашата земја.

Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Во наредните 5 месеци, ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.