Премиерот во заминување Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М призна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е против покачување на платите и пензиите, со што самиот си ги негира сопствените изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформските закони.

Многу често знаеме да се повлечеме, да ги слушнеме граѓаните, и опозицијата бидејќи таа е корективот во државата и да постапиме по таквите прашања. Опозицијата не е против покачување на пензиите, па зошто би била? Тоа е за нашиот народ, за покачување на платите на лекарите, на учителите и слично, рече премиерот во заминување Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.