Премиерот во заминување Зоран Заев денеска од трибината од Велес порача дека ќе има целосен ветинг во правосудството, судството и обвинителството.

Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваа предметите ниту да нема одговорност. Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара, а сме немале ресусрс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве овде од Велес кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството – рече премиерот во заминување Заев.

Тој додаде дека горчината кај граѓаните е голема и тие со право реагираат и порача дека никој нема да се спаси од одговорност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.