Груевски се cпаcил со застареност за кинеските кредити!? Додека јас дишам Груевски нема да се спаси. Нема да се спаси заради тоа што предметот е жив – изјави премиерот во заминување Зоран Заев на вчерашната трибина на СДСМ што се одржа во Велес.

Тој рече дека предметот ќе тече, ќе се донесат одлуки.

Ќе се дознае целата вистина и на крајот ќе си одговараат сите. Јас верувам дека Груевски е главата на ова дело, заради тоа што тие 5 посто, тие 15 милиони евра провизија, ги договорил, ги организирал и ги земал тој. Јас сум го слушнал ова, но судот треба да го докаже – рече премиерот во заминување Заев.

Премиерот во заминување Заев, го критикуваше правосудсниот систем, вети дека ќе има целосен ветинг на судиите и обвинителите, со цел да се расчисти со коpумпираните во нивните редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.