Премиерот во заминување Зоран Заев и сопругата Зорица вчера беа меѓу гостите на британскиот премиер Борис Џонсон.

На својот профил на „Фејсбук“, премиерот во заминување сподели неколку фотографии од вечерта.

„Downing 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, напиша тој.

Премиерот во заминување ја предводи владината делегација на Самитот на НАТО во Лондон, на кој се одбележува 70-годишнината од Алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.