За две години на територијата на целата наша земја изградивме или е во тек изградбата и проектите за близу 70 градинки. Таква иницијатива за толку кус период не е забележано во историјата на државата, рече премиерот Зоран Заев на денешното предавање во употреба на новата градинка во неговото родно село Муртино.

Тој додаде дека децата се нашето богатство, нашиот силен потенцијал и грижата за нив, а нивниот ран и правилен развој е врвен приоритет.

-Пред неполн месец министерката за труд и социјална работа Мила Царовска потпиша договори за грантови за изградба на нови градинки со пет општини во вкупен износ од 228 милиони и 100 илјади денари. Во новите градинки се отвора простор за 70 нови деца. За прв пат по подолго време во нашата држава ќе се градат големи објекти, бидејќи ја препознаваме клучната улога на предучилишното образование за раст и развој на децата, потенцираше премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.