Успеавме драги сограѓани, ние сме 30та членка на најмоќниот сојуз. Никој повеќе не може да ги крчма и раскрчмува нашите граници, го потврдивме нашиот суверенитет, истакна лидерот на СДСМ на граѓанската трибина во Битола.

Премиерот во заминување се осврна и на членот 5 со кој потврдува дела доколку една земја е нападната, тоа е напад на сите 30 членки, тоа е доказ дека сме сигурни и безбедни.

Го извадивме нашиот имотен лист во катастарот на Обединетите Нации. Ние секаде сме Македонци со македонско знаме и зборуваме македонски јазик, затоа гордо можам да заклучам дека успеавме – додаде премиерот во заминување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.