Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите на граѓаните и на државата. Тој во текот на денот спроведува интензивни консултации на различни нивоа, имајќи ги предвид заклучоците донесени на Европскиот совет со кои се одложува носењето одлука за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со Европската Унија, соопштуваат од владата по конечната одлука на ЕУ Македонија повторно да остане без датум за почеток на преговорите за влез во унијата.

Низ текот на консултациите, одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните. Штом бидат донесени какви било конечни одлуки, истите веднаш ќе бидат изнесени пред јавноста, се додава во владиното соопштение.

Во текот на денешниот ден премиерот Заев оствари комуникација и со првите луѓе на владите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и со други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Хан. Европските лидери оддадоа јасно признание и потврда за сите чекори кои ги презеде Северна Македонија и потенцираа дека земјата и граѓаните беа целосно подготвени за почеток на преговорите, но дека неколку земји на ЕУ не биле подготвени за тоа, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.