Премиерот на Македонија е скромен и сиромашен, може да се заклучи од анкетниот лист што го доставил до Антикорупциската комисија. Македонскиот премиер Зоран Заев нема личен имот ниту пари на располагање.

Единственото нешто што го поседува премиерот е побарување од 4 милиони и 300 илјади денари или околу 70 илјади евра. Значи, и овие пари ги има, а ги нема.

Заев позајмил некому уште пред 8 години 70.000 евра и тој се уште му ги должи. Тие 70 илјади евра според листата се стекнати на “друг начин”.

Но, затоа сопругата, родителите и децата на премиерот поседуваат два стана во Струмица, деловен простор, земјоделско земјиште, куќа, мини купер, пари, орочени средства.

Меѓу пријавениот имот го нема ниту скапиот мотоцикл бе-ем-ве, бидејќи тој е сопственост на фирмите на Заеви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.