Професорот Љубомир Цуцуловски смета дека е крајно проблематично што заменик
претседателот на Владата, вицепремиерот за Европски прашања Бујар Османи му е
преведувач на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Такво нешто нема во ниту една друга цивилизирана земја и тоа е знак дека Македонија практично нема влада, смета професорот.

Каква е таа влада, и може ли воопшто да биде влада, ако оној кој ја врши функцијата
в и ц е п р е м и е р на Република Македонија во исто време врши и друга функција –
личен преведувач на својот партиски лидер?

Дали, на пример, в и ц е п р е м и е р о т, на било која цивилизирана и демократска
земја (членка на ЕУ и НАТО) се сведува до ниво на домашната и странската јавност
симултано да ѝ го преведува она што неговиот партиски лидер го кажува на пресконференции?
Потоа, истите луѓе тврдат дека Република Македонија одела кон демократизација и
дека индивидуалноста и достоинството на секој поединец, како во Валадата, така и
надвор од неа, било сочувано.
Номиналниот премиер не само што молчи, туку и ништо не презема. Тоа било влада со
сочуван дигнитет на секој нејзин член – иронично заклучува Цуцуловски во една од
своите анализи за функционирањето и карактеристиките на македонската влада.

Во својот коментар Цуцуловски зборува за постојаната практика Османи да ги
преведува изјавите на својот лидер иако во ДУИ има многу други членови кои можат
да бидат преведувачи на Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.