Прочистување на правосудството, борбата против корупцијата, борба против лажните вести и говорот на омраза и заштитата на животната средина, се дел од 10-те приоритети од инцијативата за европски стандарди дома наречена „Акција 21“, која денеска пред јавноста ја претстави премиерот Зоран Заев.

На прес-конференцијата во Владата, премиерот порача дека без разлика што Европската унија испрати лош сигнал, земјава останува посветена на европските реформи кои следната година ќе продолжат со посилен интензитет.

Остануваме поветени на истиот стратешки колосек, нема отстапување од стратешките цели кои се поставени едногласно – негување на добрососедските односи, активно учество во НАТО и членство во ЕУ. Нема да има застој во внатрешните реформи. Ќе се посветиме на градењето европски стандарди, истакна Заев.

Во делот на прочистувањето на правосудството, рече дека моделот е веќе во завршна фаза и оти целиот процес ќе оди постепено и во фази. Ќе се проверува и имотната состојба на судиите.

Во борбата против корупцијата посочи дека заложбите на Владата се потврдиле веќе со побараните одговорности од државни службеници, а најави и заложба за поголема транспаретност на општините. Во делот на заштита на животната средина соопшти дека се одвоени 100 милиони денари за замена на нееколошки системи за грење и обновување на урбаното зеленило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.