За пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска трагедијата на 8 септември има најголем приоритет во моментов во државата. Сепак, таа го потегна и праашњето за оставката на министерот за здравство Венко Филипче. 

Главното прашање е зошто премиерот не го доставува, тоа е негова должност. И дали воопшто еве медиумите, јавноста или било која од институциите го виде црно на бело тој документ, таа потпишана оставка. Или само беше кажана пред микрофон, на прес конференција и толку, истакна Стојаноска во Утрински брифинг.

Стојаноска додаде дека изминаа денови по трагедијата во Тетово, а се уште нема ништо од истрагата.

Дали некој од власта ќе одговара некогаш? Еве доаѓаат избори, може и да се случи да изгуби СДСМ на избори, и што тогаш ќе си заминат од власта без да одговараат. Зар ќе заборавиме  се што наназад направија, запраша Стојаноска.

Стојаноска укажа дека морален чин нема за трагедијата во Тетово. Во таа трагедија изгубија 14 граѓани живот.

Што имаме ние бенефит што Филипче ја поднесе оставката? Оставката никаде ја нема, никој ја нема ниту видено. Каде е? И што значи тоа? Тоа значи дека премиерот ја има апсолутната власт во оваа држава. Дека од него зависи се, дека сите процеси се закочени од нив, не се закочени од нас, рече Стојаноска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.