Во официјална посета на Република Македонија утре ќе пристигне премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Во рамките на работната посета на Република Македонија во 09:00 часот, премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ ќе оствари официјална работна средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата на Република Македонија.

Во 10:00 часот во хотел „Мериот“, премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ќе учествуваат на Самитот во организација на „Македонија2025“.

Панел сесијата предвидено е да започне во 10:20 -11:20, по што се предвидени изјави за медиумите. Согласно агендите, премиерите на двете земји ќе бидат во можност да одговорат по две прашања.

Главна тема на годинешниот Самит на МК2025 е регионалната соработка, со фокус на економијата, иднината на компаниите, работната сила и администрацијата низ иновациите и дигиталната трансформација.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.