Поранешнбиот малкедонски премиер Владо Бучковски смета дека владата и премиерот Зоран Заев не посветиле доволно внимание за лобирање кај францускиот претседател Емануел Макрон околу прашањето за добивање на датум за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија.

Универзитетскиот професор потенцира дека две средби на Заев со Макрон, едната во Софија, а другата во Берлин, во изминатите 15-16 месеци се премалку.

Непосветивме доволно внимание како држава и како општество на сето она што доаѓаше како сигнал од Франција изминатите 15, односно 16 месеци. Премалку се две средби што ги имаше на највисоко ниво нашиот премиер, една средба во Софија со Макрон, па оваа година во април заедничка средба беше во Берлин, кога мислев дека се договара на јунскиот сами датум за преговор – изјави Бучковски при гостување во емисијата „Отворено“ на „ТВ 24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.