Активистката Ана Глигорова, една од главните поборници против теророт од извршителите посочува на два примери од учебник по социологија за втора гдина, во кој децата се учат дека жените треба да седат дома за да не дојдат во ситуација да прават криминал.

Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа ќе нема можност да направи кривично дело.

Проблематично е:

1) Зошто да биде жената затворена во домот? Затоа што е подредена под мажот, па тоа се подразбира?!
2) Ако е затворена (деструкција на квадрат) нема да прави кривични дела? На пример може да поттикне некого со зборови да направи крвично дело, баш затоа што е изолирана. Или, едноставно од насобран гнев да направи тешко злосторство.

Мамицата во чипка ваша, учите деца. Вие сте пример за креатори на заблуда, измама, дискриминација и низа други кривични дела со вакви објаснувања, и треба соодветно да бидете санкционирани, а овој учебник забранет. МОН се читаме ли?”, ги прашува Глигорова образовните власти и владата.

Понатаму, Глигорова среќава уште еден светол пример од македонското образование.

Според авторите на истиот учебник, прељубата е кривично дело на ист ранг со уцени, кражби, кривоклетство и недозволен абортус.

Прељубата била кривично дело, а професори автори? Срамота невидена, не за прељубниците, за вас! (Учебник по Социологија за втора година гимназија), пишува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.