Идната недела се очекува Уставниот суд да ја разгледа уставноста на двете одлуки на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба, објавува „Алсат“.

Иницијативите ги достави партијата Левица. Можно наскоро да ја оценува и уставноста на распуштањето на Собранието. Целта зошто се распушти Собранието не се реализирани и сите рокови за изборите се пребиени, па и самиот изборен ден, 12 април. Ова значи дека причините поради кои Собранието беше распуштено, веќе не важат.

Пред една недела Уставен одлучи дека нема основа да ја разгледува иницијативата на Тодор Петров за оценка на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на 16 февруари.

Но, сега ситуацијата е променета и согласно тоа, судот се очекува уште еднаш да му се наврати на ова прашање. Тоа евентуално би му го отворило патот на Собранието да се врати на работа само два дена за да ги потврди одлуките за вонредната состојба и да даде оценка за создавање на услови за нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.