Од 20 март во три организирани активности Интернационалната полициска асоцијација Оддел Македонија и ИПА Регион Скопје, а со цел примарна заштита на полициските службеници и подршка на вработените во МВР и спречување на ширење на вирусот COVID19/ CORONA VIRUS, обезбедија и поделија во сите организациони единици во МВР на територијата на државата над 5.000 заштитни маски за повеќекратна употреба, 1.900 рачни антисептик гелови, 500 парчиња антиспетик за раце, 4.000 пара ракавици.

Воедно од страна на ИПА Регион Охрид обезбедени се дополнително 1.000 заштитни маски за повеќекратна употреба, ИПА Регион Штип обезбедени се дополнително 300 заштитни маски за повеќекратна употреба ИПА Регион Струмица-Радовиш обезбедени се дополнително 100 заштитни маски за повеќекратна употреба.

 

Сите овие активности беа реализирани со помош на ИПА пријатели и општествено одговорни компании.

Посебна благодарност до нашите активни ИПА членови и ИПА преставници кои се вклучија во логистичка подршка и дистрибуција на средствата. ИПА МКД и ИПА Регионите ќе продолжат со своите активности за подршка на полициските службеници и вработени во МВР. Ве поздравуваме со нашиот поздрав на латински „СЕРВО ПЕР АМИКЕЦО“ „ПРЕКУ СЛУЖБА ДО ПРИЈАТЕЛСТВО“, порачаа од таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.