Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, информира дека на распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800 кандидати.

Според Шекеринска, интересот на младите да пристапат кон Армијата, а што се гледа по тоа што за секое место има по девет кандидати, е резултат и на нашето членство во НАТО, меѓутоа и резултат на зголемените плати и на вратената доверба во Армијата, вратената доверба дека ова е професија што државата ја цени и на соодветен начин ја плаќа.

Армијата секогаш ја враќала довербата во неа, успевала да одговори на задачи и во најтешки околности, но сега покажавме и дека државата си ги цени своите војници, своите офицери и младите луѓе од сите етнички заеници, и мажи и жени, тоа го покажаа со овој интерес – изјави Шекеринска, која ги посети кандидатите за професионални војници на физички проверки на Воениот стадион, во Скопје.

Шекеринска очекува следната година  да се зголеми и интересот за запишување во Воената академија и на тој начин да се подмлади не само војничкиот, туку и офицерскиот состав на Армијата.

Нашата цел како Влада од почетокот беше да ја помладуваме Армијата и денеска можете да видите како  Армијата се подмладува и како инвестирате во неа – вели министерката за одбрана.

Потполковник Харалампие Трајков, претседател на Комисијата  за физички проверки информира дека физичката проверка се состои од три дисциплини и тоа склекови, стомачни и трчање на 3200 метри.

Минималните норми што треба да ги исполнат кандидатите се поделени во две старосни групи и тоа од 17 до 21 година и до 22 до 26 години. Минимум за мажи се потребни 40 – 42 склека, за жени 17 до 19 склекови согласно старосните групи. Стомачните вежби, информира Трајковси и за мажи и за жени се исти 53 со 50. За трчањето, кај мажите е потребно 15, 42 и 16, 24, додека за жени 18,52 и 19, 34.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.