Државната комисија за спречување на корупција на денешната 29. седница поведе прекршочна постапка против поранешните обвинители на СЈО Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.

Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК предмет на проверка беа анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО.

Во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.