Прекрасен јазик е италијанскиот, објави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Ministro Moavero, Grazie molto per la vostra gentile ospitalita! Прекрасен јазик италијанскиот. Јас нешто разбирам, а главно го „зборувам“ со раце!  напиша Димитров на Фејсбук, видно расположен според фотографијата.

Од денеска Димитров учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).

Италија е претседавач и домаќин на министерскиот состанок во годината во која ЦЕИ одбележува 30 години од своето постоење. На состанокот, се очекува министрите за надворешни работи да разменат мислења околу актуелните случувања, предизвици и идни активности на ЦЕИ во Регионот, и натамошната соработка на земјите.

Централно европската иницијатива ја сочинуваат седумнаесет држави од централна и југоисточна Европа, а нејзината цел, како меѓувладина платформа за консултации на високо ниво, е да ја поддржи европската интеграција на земјите-членки и регионалната соработка како меѓу земјите, така и во рамките на ЦЕИ со ЕУ.

На маргините на состанокот, предвидени се и средби на министерот Димитров со неколку свои колеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.