Преговори веднаш!
Оставете го Заев и тие главоклимачи околу него, тие не се Македонија. Македонија е овој народ, чесен, честит, вредни домаќини и домаќинки. Ова е народот кој многу пред вас ги покажувал своите европски вредности и неговото место е таму, за да ја добие заслужената правда.

Денес требаше да биде третата година, продолжи Мицкоски, откако Заев го прослави добивањето на датум и почеток на преговори.

Сигурно ја паметите онаа фотографија сликани во владиниот авион. Но 4 година не мрднаа ниту милиметар напред. А ние 30 години, 30 долги и мачни години само правиме отстапки. Сменивме знаме, Устав во повеќе наврати, добивме пресуда во Меѓународниот суд во Хаг па не убедуваа дека тоа била цената на геостратегијата и силата на посилниот, Заев го смени уставното име и повторно го промени Уставот. Потпиша договор со Бугарија кој го нарече договор за добро соседство, и се фалеше дека ги затворил сите отворени прашања. И што добивме?

Сега наместо почеток на преговорите условот е да признаеме дека пред 1944 година сме биле Бугари, дека нашиот јазик бил бугарски, дека сите оние илинденци кои со крв ја пролеаја македонска земја за независна држава во срцето на Балканот не биле Македонци, туку биле бугарски војводи, тоа е новиот услов кој ние треба да го прифатиме, изјави Мицкоски од Могила на непобедените во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.