Втората половина на мај, почеток на јуни или најдоцна октомври наредната година се добри термини за одржување на предвремени парламентарни избори сметаат од владеачката ДУИ.

Коалицискиот партнер на СДСМ вели дека не е за предвремени избори годинава кога треба да се завршат процесите со зачленување на државата во НАТО и добивање датум со ЕУ, но наредната година тоа би можело да се случи пред редовниот термин во декември. Ова го најави пратеникот на ДУИ Артан Груби по барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.